Омот-Килде им го расипа славјето на Швајцарците во Венген

Норвешкиот скијач Александер Омот-Килде е победник на супервелеслаломската трка во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање која денеска се возеше на легендарната патека во швајцарскиот ски-центар Венген.

Норвежанецот до победата стигна со време од 1:47.84 минута, што беше за 27 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот домашен натпреварувач Стефан Рожентан. Подиумот го надополни вториот Швајцарец и водечки во генералниот пласман Марко Одермат со заостанување од 66 стотинки зад времето на победникот.

Утре во Венген ќе се вози трката во спуст.

Се вчитува...