Младиот напаѓач на Борусија Дортмунд, и на германската репрезентација Јусуфа Мукоко е во центарот на скандал откако било утврдено дека има повеќе години од прикажаното.
Годините сериозно се доведуваат во прашаање, пишува Дејли Мејл кој наводно добил информација за неговиот извод од матичната книга на родените.
Мукоко е роден во Камерун, а во 2014 година дојде во Германија каде што бил посвоен од сегашното семејство. Откако минатата недела се појави шпекулација за неговите години, веднаш се отворија бројни истрага. И во една од нив било утврдено дека Мукоко не е роден 2004 година, туку во 2000 година.
Неговиот старател наводно на еден новинар му покажал документ на кој стоело дека Мукоко е роден 2000 година.
„Не се занимаваме со шпекулации. Борусија Дортмунд исто така детално ја испита документацијата која е доставена до сојузот“, се вели во соопштението од ФФ на Германија.
Тимо Пројс, тренерот на младинскиот тим на Дортмунд, кажа:
„Што се однесува до Јусуфа, неговите години може само да се погодуваат. Можеби е реалност да има 1-2 години повеќе, но сгируно нема 17. Момчето не е виновно за ништо, ниту пак сторило некакво кривично дело“, рече тој.
Мукоко беше дел од Германија на Мундијалот во Катар, и доби шанса да игра за сениорскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

