Хуманитарниот меч на 3. јануари само ја потврди сплотеноста во македонските ракометни кругови. Уште еден доказ дека и ретките лични несогласувања секогаш биле оставани зад себе, бидејќи приоритет секогаш била и ќе биде репрезентацијата на Македонија.
Во тој правец, ЕКИПА непосредно пред почетокот на СП во Краков ќе има кратки разговори со дел од ветераните кои настапија на овој ракометен спектакл. Прашањата ќе бидат идентични за сите, а искусните ракометни асови ќе ги искажат своите прогнози за овој светски шампионат, настапот на Македонија на него и за нивните предвидувања за движењето на македонскиот репрезентативен ракомет во годините што следат…
Ракометарот со најголемо срце, Филип Миркуловски отсекогаш отскокнувал со човечката големина. Популарниот „Жути“ долги години важеше за „срце на репрезентацијата“, кој секогаш знаеше да најде начин проблемите да се надминат и да ја донесе потребната жар на теренот. .
1.Што ќе биде главниот квалитет, а кој би бил најголемиот недостаток, во играта на Македонија во Краков?
Нашото најсилно оружје, како и што видовме на подготвителните натпревари би требало да биде транзицијата. Млада екипа сме, а во едно и физички подготвена. Затоа мораме што повеќе лесни голови да даваме. Како најголем недостаток го гледам неискуството. Добро е што Талевски и Кузмановски релативно млади играчи веќе имаат доста настапи на големи натпреварувања. Па така да и тие би требало да го преземат поголемиот дел од одговорноста во критични моменти.
2. Кој млад македонски играч ќе блесне на ова СП?
Јагуриновски мислам дека ќе биде најпријатното изненадување на ова Светско. Ми се допаѓа неговиот стил на игра. Доста незгоден играч за противничките одбрани. А тука се уште Џонов, Ѓоргиев и Стојковиќ. Што мислам би можеле да имаат едно добро првенство.
3. Од кој пласман на Македонија би биле задоволни на престојното Светско првенство?
Мислам дека доколку би ја поминале групата би требало да бидеме задоволни. А и мислам дека имаме квалитет да ги победиме и Аргентина и Холандија. Па да одиме со 2 бода понатаму. Во втората фаза се е можно.
4. Кои се најголемите фаворити за титулата светски шампион?
Секако прв фаворит е Данска имаат три состави. И со сите 3 состави би можеле да играат полуфинале. Исто така Исланд би можел да ги помати сметките на фаворитите.
5. Има ли македонскиот репрезентативен ракомет сила во иднина да ги достигне и надмине резултатите на вашата генерација?
Секако дека има квалитет само треба уште малку време. Они имаат предност што од 20-21-22 години играат и созреваат на големи натпреварување. Додека нашата генерација почна на 27-28 години ма големи натпревар. Така да оваа генерација би требало да е поискусна од нашата доколку го задржиме континуитетот на гол. натпрева.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА