ЕКИПА во Краков,
Стеван Цаневски, Владимир Булатовиќ, Роберт Спасовски (ФОТО)
Машката ракометна репрезентација на Македонија со мечот против Норвешка вечерва ќе го стартува Светското првенство во Шведска и Полска.
Еден од поискусните во репрезентативниот дрес, пикерот, Никола Маркоски пред мечот со Норвежаните вели дека мора да бидат максимално сконцентрирани и да ги сведат грешките на минимум.
„Норвешка игра брз ракомет, скандинавски стил кој е навистина тежок за подготовка. Мора да бидеме максимално сконцентирани, да ги сведиме грешките на минимум, не смееме да влеземе во нивната машина. Системот кој го играме е модерен и добар, секако за да се влезе во еден ритам треба да се вложува многу и да се тренира напорно. Ние одработивме добри подготовки, очекувам позитивен резултат и на оваа средба и на следните средби“, изјави Маркоски.
Натпреварот кој ќе се игра во „Таурон арената“ во Краков е со почеток во 20.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА