Ракометниот женски шампион на Македонија, Ѓорче Петров славеше со 24-27 над полскиот Јарослав во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во третото по ранг европско натпреварување ЕХФ купот.
Нашите девојки подобро го отворија мечот и имаа предност скоро во целиот дел од првото полувреме. Сепак, во финишот на првите 30 минути паднаа во играта, па на пауза се замина во егал 14-14. Вториот дел беше пресликан исто како првиот. Во финишот ѓорчепетровки влегоа со позитива од три гола (24-27), но со два гола во низа Полјачките на крајот успеаја да загубат со само еден гол 26-27.
Реванш натпреварот меѓу овие две екипи ќе се одигра веќе утре исто така во спортската сала „Автокоманда“ во нашиот главен град.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА