Познато е зошто пропадна трансферот на Зомер во Баерн Минхен

Трансферот на Јан Зомер во Баерн Минхен е се подалеку. И додека Баерн Минхен нуди 5 милиони евра на Борусија Менхенгладбах за одличниот швајцарски голман, Борусија бара осум. Но, и тоа не е проблем за „Баварците“, но се појави друг. А тоа е неможноста на Борусија да ангажира нов чувар на мрежата.

Според „Скај“, Борусија Менхенгладбах не сака да го даде Зомер се додека не обезбеди негова замена. „Пикот“ паднал врз голманот на Монпеље, швајцарскиот интернационалец Јонас Омлин. Меѓутоа францускиот клуб одбива да го пушти својот чувар на мрежата, со оглед дека тимот се бори за опстанок во Ла Лига.

Спортскиот директор на Борусија го информирал раководството на Баерн за оваа ситуација. Меѓутоа може да се сменат работите доколку „Менш“ најде соодветна замена.

Баерн е во потрага на замена за Нојер, кој ја скрши ногата на скијање и ќе паузира до крајот на сезоната.

Се вчитува...