Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри видно разочаран и лут веднаш по последниот свиреж на дуелот со Наполи кој го загуби со 5-1, се упати кон соблекувалната. Притоа не му честиташе на Спалети за победата.
Меѓутоа тренерот на Наполи го „украде шоуто“, па со крената рака го бркаше Алегри за да се поздрави со него. На крајот Алегри успеа да го забележи, и да му пружи рака на победникот.
Алегри е под жестоки критики од навивачите на Јувентус, и покрај тоа што пред овој пораз, врза осум меча по ред со победи, со што се искачи на второто место. Меѓутоа овој пораз повторно ќе ги разбуди критиките од страна на фановите на „Старата дама“.
— EuroFoot (@eurofootcom) January 13, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА