Лидерот во шпанската Ла Лига, тимот на Барселона испратил понуда до Интер за услугите на Марсело Брозовиќ, пишува шпанска „Марка“. Шпанците тврдат дека тимот од „Ноу Камп“ е силно заинтересиран за Хрватот, а и Интер исто така сака да го продаде.
Барселона наводно за потписот на Брозовиќ, го понудила четири години помладиот Франк Кеси како размена, без дополнителни финансии. Играчот од Брегот на слоновата коска дојде како слободен агент минатото лето од Милан, но не се снајде во таборот на Каталонците.
Кеси беше клучен играч на Милан во битката за титулата. За „росонерите“ играше 223 натпревари и постигна 37 голови. Треба и согласност од самиот играч, и ќе биде интересно да се види дали Кеси ќе прифати враќање во Милано, но во другиот тим.
Брозовиќ е веќе осма сезона во Интер, и ова веројатно му е последна, и покрај тоа што има договор до 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА