Ужас во Аргентина: Еден од најталентираните фудбалери погоден во глава и се бори за живот

Нешто помалку од еден месец по освојувањето на трофејот од Светското првенство во Катар, ужасни вести доаѓаат од Аргетнина. Во Росарио имало пукање во кое тешко настрада 18-годишниот Лаутаро Ронки, големиот аргентински талент.

Во моментите на настанот, Ронки бил на пијачка со пријател Ерик Диаз, а во кафулето влетале вооружени и маскирани лица и отвориле оган врз посетителите. Седум куршуми го погодиле Ронки, од кои еден во главата. Младиот напаѓач е во критична состојба и му се борат за живот. Направени се неколку операции.

Аргентинските медиуми јавуваат дека 18-годишникот се наоѓа во кома, и поврзан на респиратор.

Од болницата соопштуваат дека Ронки добил „оштетувања на нервниот систем, и доколку успее да се опорави, ќе има последици по неговото дело“.

Наводно неговиот пријател Диаз починал од повредите здобиени во пукањето.

Се вчитува...