ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Елмас му ја нанесе најголемата бламажа на Јуве во последните 30 години

Дербито на Италија беше одиграно вчера, во кое Наполи низ целосна доминација го „сруши“ Јувентус, и го понижи и испрати дома со пет гола во мрежата. На крајот Елиф Елмас и другарите победија 5-1, а токму стрелец на „петардата“ беше Елмас, откако доби топка од Кварацхелија, и ја „измеша“ одбраната на Јувентус, погодувајќи во мрежата на Шчесни.

Голема бламажа доживеа Јувентус, тимот кој до пред овој меч беше во серија од осум натпревари со осум победи и без примен гол. Ова беше најголемата бламажа на Јувентус во последните 30 години, односно последен пат примија пет голови во 1993 година во поразот од Пескара. И тоа со истиот овој резултат, и тоа благодарение на Елмас, кој го постигна петтиот гол за Наполи.

За ваквиот резултат најмногу заслуги имаат Кварацхелија и Осимен, како и Елмас и Рахмани, кои погодија во мрежата на Шчесни. Нигериецот Осимен два пати го совлада голманот на Јувентус.

Грузиецот и Нигериецот се на врвот во речиси сие параметри. Осимен е најдобар стрелец со 12 гола, а Квацархелија во моментов најдобар асистент со осум асистенции.

Се вчитува...