Меси не е Роналдо: Ги одбил милионите од Саудиска Арабија

Лионел Меси е далеку од Ал Хилал, откако наводно ја одбил можноста да настапува во овој клуб, и покрај шпекулациите дека му била понудена годишна плата од 300 милиони евра.

Аргентинецот нема да ги следи стапките на Кристијано Роналдо, и нема да оди во Саудиска Арабија. Португалецот пред неколку недели потпиша договор вреден околу 200 милиони евра по сезона, што го прави најскапо платен играч во историјата.

Меси во моментов преговара за нов договор од ПСЖ кој му нуди поголема плата за да го продолжи договорот. Исто така веројатно нема да се случи неговиот кам-бек во Барселона кој беше најавуван веќе подолго време.

Се вчитува...