Уште еден голман се откажа од дресот на Франција

Само неколку дена откако Хуго Лорис објави крај на репрезентативната кариера, истото го стори и неговата замена Стив Манданда. Екс голманот на Марсеј, а сега на Рен, беше со францускиот национален тим на Мундијалот во Катар, како и на минатото Светско првенство во Русија, кога „триколорите“ ја освоија шампионската титула.

Манданда 35 пати застана на голот на Франција, а брани за селекцијата од 2008 година. Во последните години 37-годишниот чувар на мрежата беше резервна варијанта за Лорис.

По откажувањето на овие двајца, се очекува местото меѓу диреците да го заземе Мајк Мињан од Милан, додека негов заменик да биде Меслие од Лидс.

Се вчитува...