Фудбалер стана менаџер на самиот себе

Репрезентативецот на Белгија и член на Борусија Дортмунд Томас Мение, се одличи самиот себе да се застапува во иднина. Играчот се одлучил на ваков чекор затоа што неговиот досегашен менаџер Жак Лихтенштајн се повлече од фудбалот поради болест.

Некогашниот играч на ПСЖ и Бриж се наоѓа на листата на повредени играчи и во моментов не настапува за Борусија, а можно е на крајот од сезоната да го напушти тимот, и да треба сам себе да си бара клуб.

„Точно е, сега станав свој сам менаџер. Не е тоа необично. Долго сум во фудбалот, и стекнав многу контакти со луѓето од големите клубови“, рече Мение.

Се вчитува...