Македонските ракометари го оставија зад себе разочарувачкиот настап против Норвешка и сега се максимално фокусирани на вториот предизвик на овој мундијал, мечот против Холандија.
„Лалињата“ во првото коло ја декласираа Аргентина, но нашите ракометари се оптимисти дека со подобра игра отколку против Норвешка ќе успеат да стигнат до победата.
„Ги увидовме грешките од првиот меч и ќе сториме се за да не ги повториме. Се подготвувавме за Холандија уште пред стартот на овој мундијал, добро ги имаме анализирано и верувам дека ќе одговориме на предизвикот. Јасно е, нивна главна сила се контранападите и брзите напади дури и по примен гол. Верувам дека дефанзивно не се премногу моќни во одбраната, па наша цел ќе биде да сме трпеливи во нападот, да создаваме ситуации за постигнување на гол, а потоа и да го неутрализираме противникот. Знаеме дека Лук Стеинс прави чуда на теренот, но верувам дека со колективна игра можеме да го запреме најдобриот холандски ракометар“, изјави Жарко Пешевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА