Проблеми за газдите на ПСЖ: Градот Париз дефинитивно одби да им го продаде стадионот

Стадионот на ПСЖ „Паркот на принцовите“ не е на продажба и нема да биде продаден на ПСЖ, легендарниот клуб кој е во сопственост на Катарци, и кои сакаа да го купат од градот.

Челниците на ПСЖ пред неколку месеци се заканија дека доколку не им биде продаден стадионот, ќе го напуштат, и ќе си направат нов. Тие сакаа да го реновираат и во него да вложат 500 милиони евра за модернизација и проширување.

Меѓутоа градоначалничката на Париз, Ан Хидалго кажа дека нема шанси стадионот да биде продаден.

„Тоа е цврст и дефиниран став. Тоа е сопственост на Париз“, рече Хидалго и додаде:

„Го поддржуваме ПСЖ во неговата желба да го модернизира, и да го зголеми капацитетот, па дури и што дел од стадионот е на обиколница, па не можеме да копаме“, рече градоначалничката.

Останува да се види како ќе реагираат катарските сопственици кои најавија напуштање на стадионот доколку истиот не им биде продаден.

Се вчитува...