Женскиот ракометен шампион на Македонија, Ѓорче Петров доживеа елиминација во третото по ранг европско натпреварување ЕХФ купот, откако во осминафиналната фаза беше поразен од полскиот претставник Јарослав.
Откако на вчерашниот меч на кој исто така „лавиците“ беа домаќини во спортската сала „Автокоманта“ славеа со минимални (27-26), младите ракометарки на Симе Симовски немаа сила во денешниот реванш кој го загубија со убедливи 22-30.
Полјакинките уште во првото полувреме го наметнаа темпото на пауза заминаа со позитива од пет гола (7-12). Во вториот дел само го исконтролираа резултатот за конечни 22-30. Јоана Гадзина со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Анастасија Николовска заврши со пет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА