Милан се спаси од пораз: Губеше од Лече 2-0, па извлече бод (ВИДЕО)

Малку недостасуваше Милан да биде поразен на гостувањето кај Лече, откако губеше со 2-0 на полувремето, а на крајот се спаси од пораз, па дури имаше и шанса да направи целосен пресврт.

Автоголот на Тео Ернандез и голот на Баскирото, му донесоа на Лече предност од 2-0 за само 23 минути игра. Милан одигра слабо во првиот дел, без шут кон голот.

Затоа во вториот дел сосема поинаква слика. Леао во 58. минута најпрво намали, а потоа и Калабрија стрелаше со глава за 2-2.

До крајот на мечот шанса за Милан за победа, не беше искористена, а и Лече пропушти можност да дојде до трите бода.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...