Марсеј го совлада Лориен и ја продолжи трката за титулата

Одличната форма на екипата на Олимпик Марсеј продолжува и по ова коло. Тимот предводен од Игор Тудор на својо терен со пресврт успеа да го совлада Лориен со 3-1, и така да ја продолжи трката за првото место.

Мофи во 29. минута ги шокираше домашните фанови, откако погоди во мрежата на Лопез. Интернационалецот од БИХ Сеад Колашинац во 38. минута израмни.

Во вториот дел Алексис Санчез и Верету ја потврдија победата за Марсеј, 13-та оваа сезона со која се доближија на два бода до Ленс, и пет до лидерот ПСЖ.

Претходно Ленс го совлада Оксер и ја продолжи одличната серија, со која е на второто место на табелата и овој тим се трка за титулата заедно со Марсеј и ПСЖ.

Се вчитува...