Готово е: Челси му го украде на Арсенал мега талентот од Украина

Иако украинскиот фудбалски талент Михајло Мудрик беше пред потпис со Арсенал, сега Шахтјор објави дека постигнал договор со Челси за трансфер на левокрилниот играч.

Мудрик беше цел на „топчиите“ кои нудеа околу 80 милиони евра, но веројатно сега сумата за која ќе биде продаден во синиот дел од Лондон е околу 100 милиони евра.

Шахтјор соопшти дека нивниот претседател Ринат Ахметов разговарал со ко-сопственикот на Челси, Бедад Егбали и дека двата клуба се блиску до договор за трансфер на играчот.

Се вчитува...