Назначувањето за Ерик Тен Хаг на клупата, се чини беше еден од најдобрите потези на Манчестер Јунајтед во изминатите неколку години. Долго време тимот од „Олд Трафорд“ бараше замена за легендарниот Алекс Фергусон. Се менуваа тренери, од искусни како Ван Гал, до Жозе Мурињо, па беше и помалки искусниот Оле Гунар Солскјер, беше и Давид Мојс, но никој не успеа да го „крене“ тимот од летаргијата.
Но, ако се има во предвид стартот на холанѓанецот на клупата на Јунајтед, тогаш може да се каже дека, конечно, црвениот тим од Манчестер го најде вистинскиот тренер за себе. Ако се има во предвид статистиката.
Тен Хаг вчера со триумфот над Манчестер Сити, ја запиша својата 21-ва победа на клупата, и тоа му успеа во само 28 натпревари колку што го водеше Јунајтед. Тоа е најдобар старт на еден тренер во историјата на клубот. Зад себе го остави и Жозе Мурињо, кому му требаа 31 натпревар за да дојде до таа бројка. Тен Хаг го надмина и легендарниот Алекс Фергусон, кој ја оствари таа бројка по дури 45 натпревари.
Никој досега не освоил 38 поени во 18 кола во Премиерлигата на клупата на Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

