Со гол на Закањи од пенал во судиското надополнување од првиот дел и со гол на Андерсон во судиското надополнување од вториот дел Лацио успеа да стигне до трите бода на гостувањето кај Сасуоло.
Лацио мечот го почна со хендикеп, затоа што уште во 14. минута се повреди првиот стрелец Чиро Имобиле, па мораше да го напушти теренот.
Лацијалите сега стравуваат да не го изгубат на долго време својот прв голгетер, кој сезонава се мачи со повреди и има постигнато само седум голови. Закањи со овој денешниот исто така стигна до седум, додека Фелипе Андерсон има пет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА