Неверојатен натпревар се одигра попладнево во Бергамо, каде што Аталанта сосема неочекувано убедливо го совлада тимот на Салернитана со дури 8-2. Во натпревар со девет гола, во кој во последните 30 минути имаше само еден, Аталанта се „распука“ и ја покажа силата во нападот.
Уште во првиот дел беше 5-1. Првиот гол го постигна Бога во 5. минута, а Диа израмни во 10. минута. Лукман во 20 минута донесе водство, а потоа стрелаа Скалвини, Компајнерс (по промашен пенал) и Хојлунд.
Во вториот дел Лукман и Едерсон се запишаа во листата на стрелците, а потоа на пет минути пред крајот и Зортеа погоди за конечни 8-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА