Филип Талески со право беше разочаран по најновиот неуспех на нашиот национален тим, поразот во Краков од Холандија. Сепак, левиот бек останува оптимист дека „црвено-жолтите“ ќе покажат сила и квалитет за да слават на третиот меч со Аргентина.
„Се повторуваме, техничките грешки и непостојаноста се клучот за поразите. Треба да преземеме нешто, да се бориме, имаме уште една шанса за да одиме понатаму. Ќе се обидеме да ја победиме Аргентина во последниот меч“, изјави Талески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА