Ракомет без жар, такво нешто не постои (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Големо е разочарувањето во македонскиот табор по денешниот пораз од Холандија, на кој беше демонстрирана апсолутна немоќ во однос на противникот.

Дека „лалињата“ се поквалитетни знаевме и пред мечот, но никој не можеше да претпостави дека Македонија може да одигра толку анемично, незаинтересирано во одбраната и безидејно во нападот.

Ракомет без жар, такво нешто не постои, без оглед колку и да напредува овој спорт, дуел-играта и желбата за победа беа и останаа многу важен фактор за да се одреди победникот. А нашите ракометари мора таа лекција да ја научат експресно, за помалку од 48 часа, бидејќи само со стопроцентно ангажирана игра можат да се надеваат на поинаков исход од овој денешниот против Аргентина.

 

Се вчитува...