Митревски: Пак имаме црни периоди, па брзо се откажуваме

Никола Митревски го делеше разочарувањето на своите репрезентативни колеги по новото слабо издание и поразот од Холандија. Слабостите од првиот меч со Норвешка беа повторени и на денешниот натпревар, а пред македонските ракометари е напорна работа за грешките да бидат отстранети пред клучниот меч со Аргентина во вторник.

„Повторно ни се случи да имаме црни периоди од по три-четири минутиа, во кои противникот ни правеше по 3-0 серија, и во раната фаза го одлучи натпреварот. Тие минути беа очајни за нас, се откажувавме веројатно многу брзо, тука е и неискуството на некои играчи. Мора да поработиме на тоа – без оглед на резултатот – да се бориме за секоја топка. Натпреварот со Аргентина за нас ќе биде едно мало финале. Се надевам дека ќе го поправиме ритамот на игра. Аргентинците исто така загубија со десет гола од Холандија. Знаеме што ни следи против нив, имаме доволно време, а потоа ќе видиме како ќе се одвива тој натпревар кој и за двете репрезентации ќе биде финале за пласман во втората фаза“, изјави првиот голман на македонската репрезентација.

Се вчитува...