Ришарлисон му се пушти, а потоа навивач го шутна голманот на Арсенал (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Тотенхем и Арсенал предизвика многу „бура“ на трибините на стадионот на Тотенхем. Центарот на вниманието беше голманот на „топчиите“ Арон Рамсдејл. „Единицата“ на лидерот на табелата најпрво беше нападнат од Ришарлисон, а потоа и еден навивач го шутна.

Сето ова се случи додека Рамсдејл излегуваше на теренот, и притоа го бакна амблемот на Арсенал, и тоа пред навивачите каде беа навивачите на Тотенхем.

„Навивачот на Тотенхем не навредуваше во вториот дел, а јас му вратив. Неколку луѓе добро ме поздравија, а потоа еден навивач скокна и ме удри по грбот. Ова е срамота, затоа што е ова само фудбал, ова е игра“, откри голманот на „топчиите“.

Се вчитува...