Рома вечерва дојде до десетата победа во Серија „А“ откако на Олимпико ја совлада Фиорентина со 2-0. Многу на избраниците на Жозе Мурињо им помогна црвениот картон кој го заработи Додо уште во 24. минута од мечот.
Дибала во 40. минута на асистенција на Абрахам погоди за водство на „вочицата“. Истата комбинација во 82. минута донесе водство од 2-0 за Рома и конечен триумф.
Рома со овој триумф стигна до 34 бода, или три помалку од четвртото место кое носи пласман во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА