Швјонтек се намачи за второ коло на Австралија опен, победа и на Циципас

Најдобрата тенисерка во светот, Полјачката, Ига Швјонтек потешко од очекуваното се пласираше во второто коло на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен.

Трикратната гранд-слем шампионка во воведниот меч со 2-0, по сетови 6-4 и 7-5 славеше над Германката, Јул Нимајер. Откако го освои првиот сет, во вториот Полјачката имаше негатива од 3-5, но со четири гема во низа успеа да избегне решавачки сет.

Во второто коло на турнирот се пласираше и Гркот, Стефаноц Циципас кој со 3-0, по сетови 6-3, 6-4 и 7-6 славеше над Французинот Квентин Хелјис. Настапот на турнирот во Мелбурн го заврши поранешниот шампион Стен Вавринка кој во пет сета беше елиминиран од Словакот Алекс Молчан.

Се вчитува...