Ракометната федерација на Македонија се јави со реакција по двата порази на Мундијалот во Полска и Шведска. Од федарацијата истакнуваат дека е тешко на сите, и напоменуваат дека сензационалистички наслови и поединечни статуси на социјалните мрежи никому нема да донесат добро. Напоменуваат дека тимот е сложен и до единство ќе се оди на победа против Аргентина.
„Ракометната репрезентација на Македонија учествува на осмо светско првенство; дванаесетто големо натпреварување во низа. Со седум дебитанти на теренот и еден од најмладите национални тимови на мундијалот, тешко се носевме со двата противника во групата.
ПОРАЗИТЕ БОЛАТ и навистина ни е жал што до сега не ја израдувавме бројната фаланга во Краков. Уште еднаш, огромна благодарност за нашиот осми играч!
Пред клучниот натпревар на ова првенство, против селекцијата на Аргентина, би сакале да се заблагодариме на македонските медиуми за поддршката и љубезно да замолиме да не се вадат изјавите на играчите од контекст.
Тешко е за сите, особено за оние кои се на првите борбени линии, а сензационалистички наслови и поединечни статуси на социјалните мрежи, никому нема да донесат добро.
Тимот е сложен; пулсира во духот на единството и одиме со сите сили на трета среќа: СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!“, стои во објавата на ракометната федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА