Бјелица повторно повреден – се одложува терминот за камбек на теренот

Српскиот репрезентативец Немања Бјелица изминатото лето се врати во европската кошарка и во редовите на Фенербахче, но се уште го чека првиот настап за турскиот клуб. Тој се стекна со повреда во подготовките за Евробаскетот, а и покрај тоа што првичните информации велеа дека ќе биде на теренот за следниот натпревар на Фенербахче, неговиот камбек повторно се одложува.

Причината е повторна болка во ахиловата пета која ја потврди и грчкиот стратег Димитрис Итудис.

„Вистинскиот човек за одговор на тоа прашање е тимскиот лекар. Последно што ми е кажано е дека беше многу блиску до враќање на тренинзите, меѓутоа повторно почувствува болка во ахиловата пета и сега детално се прегледува случајот. Под нормални услови тој ќе беше дел од тимот за следниот меч, но сега ситуацијата е поинаква“, изјави тренерот на Фенербахче.

Се вчитува...