Александар Петровиќ го изнафали Факундо Кампацо

Аргентинскиот репрезентативец Факундо Кампацо одигра нов неверојатен натпревар во АБА лигата, овој пат предводејќи ја Црвена Звезда до гостинска победа во Подгорица против Будуќност.

Плејмејкерот на белградските „црвено-бели“ оствари дабл-дабл учинок проследен со 14 поени и 12 асистенции, а имаше и осум украдени топки кои беа повод за пофалба од страна на хрватскиот селектор Александар Петровиќ.

„Квалитетите на Кампацо на сите ни се добро познати, но една работа синоќа ме инспирираше. Од моментот кога стана јасно кој ќе биде победникот ја пратев само одбранбената поставеност на Кампацо. Чиста кошаркарска поезија која резултираше со осум украдени топки!“, објави Петровиќ на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AdmiralBet ABA League (@aba.liga)

Се вчитува...