Пол Погба се врати на терените по операцијата на коленото

Францускиот фудбалер, Пол Погба оваа сезона се врати во редовите на Јувентус, но се уште не го одигра првиот официјален натпревар за торинскиот клуб бидејќи се соочи со повреда при што мораше да изврши операцијата на десното колено на средината на месец септември.

Официјалниот датум за враќање останува непознат, но добра вест за навивачите на Јувентус е неговото враќање на тренинзите на клубот. Според информациите тој би требало да биде подготвен за плеј-оф мечевите во Лига Европа против Нант на 16. и 23. февруари.

Се вчитува...