Македонските репрезентативци денеска го играат мечот за одлука на СП 2023, бркајќи победа против Аргентина што би ја одвела нашата селекција до втората мундијалска рунда.
Мартин Серафимов е свесен за грешките што „црвено-жолтите“ ги правеа во претходните натпревари, но посочува дека тоа нема да влијае врз мотивираноста на денешниот дуел со Аргентинците.
„Се обидуваме да играме брз ракомет, и во тоа брзање и нон-стоп трчање се прават грешки, секако повеќе отколку што очекувавме. Пред нас е дуелот со Аргентина трети на овој мундијал за само пет дена. Нема дилема дали имаме сила, секогаш сме тука за да одиграме најдобро што можеме, да играме со срце за Македонија. Така ќе биде и вечерва со Аргентина се надевам дека на крајот сите заедно ќе се радуваме на победата“, изјави Серафимов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА