Јунајтед сака да го „смири“ ПСЖ со нов договор за Рашфорд

Манчестер Јунајтед сака да се „одбрани“ од налетот на ПСЖ во обидот да го ангажира Маркус Рашфорд, со тоа што ќе му понуди нов договор со поголема плата.

Од клубот се подготвени на својот голгетер да му понудат неделна плата од 200.000 фунти, и се уверени дека тоа ќе биде доволно да го убедат да остане на „Олд Трафорд“.

Интерес за продолжување на соработката има и од самиот фудбалер, па многу веројатно дека наскоро тоа ќе се случи. Сегашниот договор на  англискиот репрезентативец истекува во 2024 година, откако лани го потпиша продолжувањето на соработката.

ПСЖ сака да понуди 60 милиони за неговите услуги, но Јунајтед нема да се откаже од него, особено сега кога игра во голема форма.

Се вчитува...