Жабер тешко до второ коло на Австралија опен

Втората тенисерка во светот, Тунижанката, Онс Жабер тешко стигна до 2. коло на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен. Таа во воведната рунда во Мелбурн парк во тежок меч славеше над Словенката, Тамара Зиданшек со 2-1, по сетови 7-6, 4-6 и 6-1.

Тунижанката во првиот сет дојде во водство дури во тај-брејкот кој го освои со 10-8. Словенката возврати во вториот сет со 6-4 и целосно се врати во натпреварот, но немаше сила за ништо повеќе.

За потсетување организаторите на првиот гранд-слем турнир имаат големи проблеми денеска, бидејќи доста натпревари се одложени за утре поради обилните врнежи на дожд во Мелбурн.

Се вчитува...