Роналдо ќе биде капитен на мечот против Меси и ПСЖ

Кристијано Роналдо ќе го предвооди „Ол Стар“ тимот на Ријад составен од фудбалери на Ал Наср и Ал Хилал на пријателскиот меч против францускиот фудбалски шампион Пари Сен Жермен кој е закажан за 19. јануари.

Средбата ќе се одигра на турнејата на францускиот шампион во Катар и Саудиска Арабија.

Португалецот официјално ќе дебитира за екипата од Саудиска Арабија на 22. јануари против Ал Итифак во домашниот шампионат.

Се вчитува...