На италијанскиот тренер Антонио Конте може ова да му биде последна сезона на клупата на Тотенхем, откако клупското раководство размислува дали да му понуди нова соработка. Според „Дејли Мејл“, многу веројатно е да нема договор, доколку Италијанецот не ја промени ситуацијата со резултатите на екипата.
Конте има договор до летото, со опција да биде продолжен и во следната сезона, но тоа може да не се случи доколку продолжат лошите резултати.
Претходно се пишуваше дека новиот договор на Конте со Тотенхем е само прашање на време, откако и двете страни изразија задоволство, но ситуацијата се смени во последно време. Тотенхем има само три победи на последните деве натпревари во Премиерлигата, го загуби местото меѓу најдобрите четири тима, и заостанува пет бода од Манчестер Ј. и Њукасл.
Ако Конте не продолжи, тогаш најсериозен кандидат да го замени е екс менаџерот на Челси, Томас Тухел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

