Министерството за внатрешни работи на Македонија во својот дневен билтен објави дека синоќа во 22 часот еден карате тренер во полиска станица во Скопје бил пријавен поради тоа што им покажувал експлицитни фотографии на малолетнички.
„На 16.01.2023 во 22.00 часот во полициска станица во Скопје две скопјанки, на возраст од 38 и 41 година, пријавиле дека за време и после тренинзите во карате клуб кои се одржувале во сала на подрачјето на Скопје, на нивните две малолетни ќерки од страна на тренерот им биле покажувани фотографии со експлицитни содржини и од нив барал да фотографираат друга малолетничка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА