Македонија со една измена во составот ќе влезе во натпреварот со Аргентина откако селекторот Кире Лазаров реши да го врати Костадин Петров во тимот за клучниот меч за пласман во главната фаза.
Корпулентниот пивот, кој даде четири гола на премиерниот дуел против Норвешка, потоа не беше во тимот против Холандија, но денеска се враќа во составот, заземајќи го местото на Младеновиќ.
Томи Јагуриновски, и покрај најавите за камбек, сепак останува во аут откако не ја доби трката со времето по незгодната повреда, па како прва опција на десен бек останува Мартин Серафимов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА