Македонија го претрпе и третиот пораз во низа на СП 2023 во Краков, уште посрамен од претходните два ако се знае дека Аргентина беше нашата шанса за успех, а доживеавме ново фијаско (26-35).
Катстрофа од почеток до крај, овој натпревар не заслужува ниту подетален извештај, а ќе останеме запишани во историјата како прва репрезентација што првите три меча на СП на полувреме ги губела со идентичен резултат 11-18.
Три преубедливи порази, три шлаканици за сите ракометари, но и за селекторот Лазаров, кој ќе треба добро да размисли дали патот што го избра, за модерен ракомет и напредок, е оној вистинскиот, за него и за македонскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА