Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ има договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната, а „кралскиот“ клуб планира да му го продолжи на уште една сезона. Капитенот на Хрватска сака во Мадрид да ја заврши кариерата, но Реал одолговлекува со продолжување на соработката.
Дел од навивачите сметаат дека има пад во формата на Модриќ, а тоа се виде и на финалето во Супер-Купот против Барселона, кога средината на „кралевите“ целосно беше надиграна од противничките играчи. Истиот став како дел од фановите го дели и екс членот на Реал Мадрид, легенда на овој клуб Гути.
„Се сомневам дека Модриќ ќе остане. Нема да има голема улога следната сезона и мислам дека на Реал не му е потребен. Не знам дали ќе дојде Белингем или некој друг играч, но Модриќ во еден момент ќе мора да си замине“, рече Гути, и додаде дека клубот треба да му го продолжи договорот на Карим Бензема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

