Медведев лесно до трето коло, Гоф подобра од Радукану

Рускиот тенисер Данил Медведев продолжува со одличните партии на првиот гранд-слем турнир во сезоната, Австралија опен. Русинот лесно стигна и до третото коло, откако денеска во втората рунда беше подобар од домашниот тенисер, Џон Милман со максимални 3-0, по сетови (7-5, 6-2 и 6-2).

Во следното коло Русинот ќе игра против со подобриот од мечот меѓу Американецот, Себастијан Корда и Јапонецот Јосуке Ватануки.

Кај дамите во дербито на денот Американката, Кори Гоф славеше над поранешната шампионка на УС опен, Британката Ема Радукану со 2-0, по сетови 6-3 и 7-6. Гоф во третата рунда ќе игра со подобра од дуелот меѓу сонародничката Пера и Кинезинката Женг.

Се вчитува...