„Се плашам за смртта на Вијали, сешто земавме тие години“

Славниот италијанскиот фудбалер Дино Баџо, кажа дека е загрижен по смртта на неговиот некогашен соиграч Џанлука Вијали, кој ја загуби битката со ракот на панкреасот, и почина на 58-годишна возраст.

Баџо призна дека во тие мигови фудбалерите земале многу додатоци во ирханата и дека можеби сега тие работи доаѓаат на наплата.

„Прерано замина. Ме загрижува тоа што додека игравме, земавме сешто. Секогаш имаше допинг. Одредени додатоци во исхраната кои ги земавме може да ни дојдат за наплата по завршувањето на кариерите. Мене не ми е сеедно, тоа се случува на многу поранешни фудбалери. Треба да се истражи таа врската помеѓу суплементите и болестите од кои заболуваат и умираат нашите колеги“, рече Баџо кој додаде дека во негово време имало многу допинг, а малку контрола.

Се вчитува...