Платил неверојатни 2,6 милиони долари за мечот меѓу Роналдо и Меси

Мишреф Ал-Гамди, менаџер во саудиска агенција за недвижности, платил 2,6 милиони долари за ВИП влезница за мечот меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Мечот се игра утре помеѓу ривалите кои го одбележаа фудбалот во последните 15 години.

По повод овој спектакл, Саудиска Арабија почна хуманитарна акција за ВИП влезница. Почетната цена беше 266.000 долари, а стигна за десет пати поголема вредност.

Се вчитува...