Ново дно на раководството на МЗТ – забрана за изјави за „критичарите“

Во моментите кога македонската клупска кошарка е на маргините, раководството на МЗТ Скопје работи и против популаризација и враќање на истата онаму каде што припаѓа со „селски финти“ кои не му доликуваат на актуелен шампион на Македонија како забрана за давање изјави на членовите на клубот до нашиот портал, кој пак макотрпно работи за промоција на најдоброто од нашата кошарка.

Причината е јасна, критиките на кои наиде раководството на клубот кое не еднаш, туку два пати се најде на „таргет“ за неадекватната работа за која не говорат само нашите анализи, туку и резултатите на регионалната сцена, бројните пристигнувања и заминувања на клучни играчи поради неисплатени финансии, тренд кој се „влече“ веќе две сезони од кога новиот табор го превзема сега деветкратниот шампион на Македонија.

Имено, на барање за изјава за натпреварот против ТФТ, одговорот на тренерот Драган Николиќ беше негативен со образложение дека нема дозвола за одговори за порталот „Екипа.мк“. Новиот стратег на аеродромци воопшто не виновен за новиот знак на неспособност за раководството, односот на српскиот стратег со македонските новинари секогаш бил на високо ниво уште во времето поминато во Карпош Соколи, за разлика од лице кое не може да се соочи со позитивните и добронамерни критики.

Се вчитува...