Њукасл го продолжи договорот со „киксерот“ Кариус

Германскиот голман Лорис Кариус останува во Њукасл, откако тимот му го продолжи договорот до крајот на сезоната. Кариус го напушти Ливерпул летото 2022 година, и во септември потпиша за Њукасл, со договор до јануари 2023 година.

Меѓутоа сега тој ќе остане на „Сент Џејмс Парк“ најмалку до крајот на сезоната. Во досегашниот тек на првенството, Кариус ниту еднаш не застана на голот на Њукасл. Откако Мартин Дубравка замина на позајмица во Манчестер Јунајтед, беше ангажиран Кариус, а потоа по враќањето на словачкиот голман, тимот му се заблагодари, па по неколку недели одново го врати.

Кариус ќе остане запаметен по киксовите во финалето 2018 година, кога Ливерпул поради него го загуби финалето од Реал Мадрид.

Се вчитува...