Американскиот тенисер Џенсон Бруксби се пласираше во третото коло во Австралија Опен, откако го совлада норвешкиот тенисер и вториот носител Каспер Руд. 39-тиот играч во светот до победа над Норвежанецот дојде за три часа и 55 минути.
Бркусби триумфираше со 3-1, по сетови 6-3, 7-5, 6-7 и 6-2 и приреди ново изненадување после елиминацијата на Рафаел Надал во неделата.
Шестиот тенисер, Русинот Андреј Рублјов до третото коло дојде со победата над Емили Русувуори од Финска со 3-1. Тој ќе игра со Даниел Еванс од Велика Британија, кој го совлада Французинот Жереми Шарди.
Пласман во третото коло обезбедија и Џон Волф, Шелтон и Умбер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

