Надал паузира два месеци

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, ќе паузира 6-8 недели откако беше елиминиран на Австралија Опен, а по мечот се пожали дека чувствувал болки и не можел да го даде најдоброто од себе. Надал веднаш направи магнетна резонанца, а првите прогнози се дека ќе паузира околу два месеци.

Шпанецот кој е сопственик на 22 грен слем турнири, ја повреди препоната на левата нога во текот на вториот сет во дуелот со Мекдоналд од САД. Не се предаде, а потоа кажа дека сакал да одигра до крај, и призна дека има сериозен проблем.

Оваа пауза значи дека Надал ќе ги пропушти турнирите во Доха и во Дубаи, а под голем знак прашалник е и Индијан Велс, првиот турнир од Мастерс серијата.

Се вчитува...