Анчелоти: Модриќ не е добар после Светското првенство

Лука Модриќ не се најде на списокот на фудбалери кои денеска ќе играат против Вилјареал во Купот на Шпанија. Тренерот Карло Анчелоти се одлучи да го одмори хрватскиот репрезентативец.

Тренерот на Реал смета дека Модриќ е преуморен после Мундијалот во Катар, и дека му треба уште одмор за да се биде оној стариот.

„Ситуацијата со Модриќ не е добра после Светското првенство. Крос и Модриќ се во различни ситуации. Тони е во оптимална форма, а Лука играше на Светското првенство, и не се чувствува надјобро. Но, ќе се опорави“, објасни италијанскиот стручњак пред натпреварот.

Модриќ оваа сезона настапи 22 пати за Реал Мадрид, постигна пет голови и два пати асистираше. Се одмораше 10 дена после Светското првенство, но тоа очигледно не е доволно.

Се вчитува...