Поранешниот голман на Русија и актуелен на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев ја коментираше можноста на руската репрезентација и руските клубови во иднина играат во азиската конферација.
Тоа стана актуелно пред неколку недели, откако претходно УЕФА им забрани на сите руски клубови и репрезентации да се натпреваруваат во квалификации и во натпревари под капата на европската куќа на фудбалот поради агресијата кон Украина. Па така Русија сакаше да се приклучи кон Азија, но одлуката е одложена.
„Не можам да одговорам на прашањето дали сакаме да преминеме во азиската конфедерација, туку треба да се запрашаме како да не вратат назад. Тоа е клучното прашање, односно дали ќе не вратат назад во УЕФА. Инаку со ништо не би сакал да ја менувам химната во Лигата на шампионите. Европските првенства и европските турнири се далеку посилни. Јас ја имав таа чест да играм и на Европско првенство, и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа. Жалам за играчите кои сега се во оваа ситуација, стануваат заложници“, рече Акинфеев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА